Makedonia Tv-kanavia

,

24 Вести online television24 Вести

Makedonia / Uutiset

1 013 Views

Телевизија 24 Вести прв информативен канал во Македонија. ТВ 24 Вести е прв и единствен целосно информативен канал во Македонија, кој почна да зрачи во етерот на 15 декември 2010 година.
Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и објективни информации за случувањата во земјата и светот.
При пласирањето на информацијата се водиме од највисоките етички и новинарски стандарди. Истовремено, нудејќи им на гледачите различен спектар на аналитички гледишта за општествените збиднувања, низ дебати и соочувања на ставовите.
Составен дел од програмската шема на ТВ 24 Вести се информативни, дебатни, едукативни, политички и економски емисии.

Alfa Televizija online televisionAlfa Televizija

Makedonia / Uutiset

822 Views

Алфа ТВ започна да емитува редовна програма на трети јуни 2008 година. Телевизијата е од конвенционален карактер со информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција. Алфа ТВ - Интегрираните редакции и интегрираните медиумски платофрми
Нашата стратешка определба од денеска е да одиме таму каде што е публиката и да ги разбереме нивните нови навики. Соодветно на тие нови навики да им понудиме содржини.
Една интегрирана редакција – повеќе канали за комуникација на содржините.

Alsat M online televisionAlsat M

Makedonia / Uutiset

497 Views

Националниот концесионер ТВ Алсат-М емитува редовна програма на албански јазик за Македонија од 1 март 2006 година. Програмската шема на Алсат-М во Македонија се преставува со нов формат, различен од тој во Албанија, кој е целосно посветен на информативната програма. ТВ Алсат-М освен информативниот дел, за гледачите во Македонија нуди и нови програмски содржини и најавува квалитетни емисии од различни новинарски жанрови. Програмската шема предвидува емисии од образовен карактер, култура, спорт, како и емитување филмови, документарни емисии и забавни емисии за младите. Алсат-М во рамките на својата програма предвидува и дебатни емисии во кои отворено ќе се зборува за различни теми од општествениот живот.

MRT Sat online televisionMRT Sat

Makedonia / Julkinen tv

691 Views

MRT Sat, (MKTV Sat) односно Сателитска програма на Македонската телевизија е сателитскиот канал на Македонската радиотелевизија. Пуштена во етерот е на 30 април 2000 година точно на Велигден. На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МРТ. MRT Sat емитува непрекинато 24-часовна програма за Европа, Медитеранските земји, Северна Африка, Источна Азија и за Австралија, што претставува избор од програмите на МРТ

Televizija Star online televisionTelevizija Star

Makedonia / Paikallinen

612 Views

Телевизија Стар е регионална телевизија која го емитува својот сигнал од Штип, а може да се гледа во Карбинци, Кочани, Зрновци, Чешиново и Облешево, Пробиштип, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево

Televizioni Koha online televisionTelevizioni Koha

Makedonia / Paikallinen

581 Views

Телевизија Коха (Koha Televizioni) е приватна телевизиска станица од тетово која емитува програма на албански јазик. Телевизијата е основана во 1993 година и е една од првите телевизии на албански јазик во Македонија. Програмата се следи во Тетово, Гостивар и регионот. Поради тоа потенцијалната гледаност изнесува 300.000 гледачи. Телевизијата е дел од медиумската група Koha Ditore.

TV Shenja online televisionTV Shenja

Makedonia / Paikallinen

749 Views

TV SHENJA - Lajme , informacion , Seriale, Emisione, Kuriozitete

TV21 online televisionTV21

Makedonia / Paikallinen

873 Views

RTV21 broadcasts today 24 hours via terrestrial and satellite in America and Europe. Even Radio 21 broadcasts 24 hours through FM waves.

TVM Televizija online televisionTVM Televizija

Makedonia / Paikallinen

734 Views

TVM Television Ohrid, Macedonia - Leading news service in Ohrid & Struga region The initial concept for establishing the first private broadcasting company in Ohrid originated at the beginning of 1992 with two enthusiasts, Mihajlo Arnaudov and Georgi Bendoski. This idea, to create a media information center in the region of South-West Macedonia, was motivated by the wish to give a stronger impetus to the democratization process and development of pluralism in Macedonia .

Канал 5 Телевизија online televisionКанал 5 Телевизија

Makedonia / Julkinen tv

538 Views

Канал 5 Телевизија е национална телевизија основана во 1998 година и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Таа е телевизија од претежно забавен општ формат. Исто така телевизијата поседува свој сателитки канал Канал 5+.

Канал 8 online televisionКанал 8

Makedonia / Paikallinen

782 Views

Канал 8 e регионален телевизиски канал од Кочани, Македонија. Ги покрива териториите на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново - Облешево.
Дозволата за вршење на радиодифузната дејност ја добила од Советот за Радиодифузија на Македонија на 26 ноември 2008 година, додека официјално со работа започнала на 18 февруари 2009 година, на подрачјето на Кочанскиот регион.

Македонија 24 online televisionМакедонија 24

Makedonia / Paikallinen

584 Views

Македонија 24 - Прва македонска интернет телевизија

МРТ 1 online televisionМРТ 1

Makedonia / Julkinen tv

663 Views

МРТ 1 е првиот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е во 1964 година како прва и единствена програма на Телевизија Скопје. На МРТ 1 за Македонија се врши директен пренос на Евровизија и Олимписки игри. МРТ 1 емитува емисии и познати серии. МРТ1 од 12.04.2013 започнува да се емитува на сателитот Eutelsat 16°E во склоп на платформата TotalTv.

МРТ 2 online televisionМРТ 2

Makedonia / Julkinen tv

589 Views

МРТ 2 е вториот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје. На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии.

МРТ 2 Sat online televisionМРТ 2 Sat

Makedonia / Julkinen tv

570 Views

МРТ 2 Сат е вториот сателитски канал на Македонската радиотелевизија. Почна да емитува сателитска програма во октомври 2012 година како втора сателитска програма на Македонската радиотелевизија. Од 2012 г. со започнувањето на сателитското емитување на МРТ 2 Сат се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик. Емитува 24 часовна програма, за разлика од МТВ 2, која емитува програма од 7 часот наутро до 1:30 по полноќ.




.


МРТ Собраниски канал online televisionМРТ Собраниски канал

Makedonia / Julkinen tv

879 Views

МРТ собранискиот канал е третиот канал на Македонската радиотелевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје. На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други атрактивни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите временски појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието.

МТМ Телевизија online televisionМТМ Телевизија

Makedonia / Paikallinen

849 Views

Телевизија МТМ е регионална тв станица и емитува програма на територија на град Скопје. Таа е единствената телевизија во главниот град која сериозно и професинално се зафати со програмско третирање на градските теми, урбаното секојдневие на граѓаните во сите информативни, едукативни и забавни сегменти. Со години наназад полека но сигурно, без силни искачувања и падови гради телевизиски вредности на висока култивираност, креирајќи го телевизискиот медиум она што е – културна и цивилизациска придобивка, без уредувачки компромиси кои го осиромашуваат секојдневито на гледачите. Напротив создаваме средство за комуницирање кое го збогатува духот на гледачите и секојдневно ги едуцира и рекреира со урбани, културни, забавно-музички, научно-популарни, градски теми, животни стории, сериска, играна и документарна програма....

Наша ТВ online televisionНаша ТВ

Makedonia / Julkinen tv

1 202 Views

Наша ТВ е приватен национален и сателитски канал во Република Македонија. Каналот претежно ги преведува емисиите кои ги продуцира.

Сител 3 online televisionСител 3

Makedonia / Julkinen tv

581 Views

Сител телевизија во јули 2008 година ја пушта на тест период својата сателитска програма Сител +.

Сител Телевизија online televisionСител Телевизија

Makedonia / Julkinen tv

707 Views

Сител e приватен телевизиски канал кој започна да емитува програма на 22 јануари 1993 година, како една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Сител е медиум со претежно забавен општ формат. Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски. Исто така емитува Информативната програма, која емитува централни вести во 19:00 и 23:00 часот. Неодамнешните анкети по затворањето на А1 телевизија која дотогаш беше најгледана, македонските гледачи сугерираат дека Сител е најгледаната телевизија во Македонија.

ТВ Ирис online televisionТВ Ирис

Makedonia / Paikallinen

545 Views

Ирис е македонска локална телевизија од Штип, од колажен тип, со временски рамномерно избалансирани содржини од сите жанрови. Основана е од г. Миле Кокотов и г. Владимир Милановиќ. За прв пат почна да емитува програма во 1994 година и од тогаш е составен дел на македонскиот етер. Во состав на телевизијата работи и продукција, каде се произведува околу 60% од програмата која се емитува. Преостанатите временски појаси се покриени со реемитувана документарна, играна, сериска и забавно-рекреативна програма, со потекло од Македонија и ЕУ.

ТВ Канал Визија online televisionТВ Канал Визија

Makedonia / Paikallinen

640 Views

ТВ Канал Визија e телевизиски канал од Прилеп, Македонија. Таа е приватна локална телевизија, која содржи голем број на емисии,од поле на политиката и економијата. Голем број на документарни и телевизиски серии ( често познати американски серии ). ТРД ВИЖН БМ - ТВ Канал Визија на 11 февруари 2008 година го имаше своето прво емитување во етер како единствена локална телевизија.

ТВ Нова online televisionТВ Нова

Makedonia / Paikallinen

798 Views

ТВ Нова можете да ја следите преку MaxTV, VipTV (BoomTV & Blizoo), Телекабел, NeoTV, локалните кабелски оператори и на интернет преку www.tvnova.mk

ТВ Сонце online televisionТВ Сонце

Makedonia / Paikallinen

967 Views

Телевизија Сонце е во сопственост на г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој покрај неделникот Македонско Сонце, во 2008 ја отвора независната Телевизија Сонце. Телевизијата претежно емитува програма со македонски содржини.
Првите вести на Телевизија Сонце се прикажаа на 01 Март 2008 година официјално на веб порталот на Македонско сонце.

Телевизија Кисс online televisionТелевизија Кисс

Makedonia / Paikallinen

515 Views

Телевизија Кисс започна да емитува програма во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Нашиот телевизиски сигнал ја покрива полошката котлина и планинскиот регион и опфаќа два града, Тетово и Гостивар и стотина села, односно, околу 300 до 350 илјади потенциални гледачи. Програмата тече 24 часа, а емитуваме програма од наше производство како и лиценцни содржини.

Телевизија Менада online televisionТелевизија Менада

Makedonia / Paikallinen

545 Views

Телевизија Менада е приватна телевизиска станица, која емитува од 2001 година во Тетово, Гостивар и регионот. Телевизијата е член на Асоциацијата на приватните електронски медиуми на Македонија .

Телевизија Орбис online televisionТелевизија Орбис

Makedonia / Julkinen tv

1 030 Views

Орбис ТВ — приватна локална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола. Орбис е медиум со претежно забавен општ формат. Исто така емитува Информативната програма, која емитува вести во 16:30 и централни вести во 18:30 и 21:30 часот. Програмата може да ја следат жителите на Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, а исто така може да се следи и преку веб порталот на Телевизија Орбис.

Телевизија Шутел online televisionТелевизија Шутел

Makedonia / Paikallinen

578 Views

Телевизија Шутел е приватен национален и сателитски канал во Република Македонија

Телма online televisionТелма

Makedonia / Julkinen tv / Uutiset

927 Views

Телма е македонска национална ТВ куќа основана во септември 1996 година. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол А.Д. - Скопје. Телевизија Телма е една од петте телевизии кои, на конкурсот на Владата на Република Македонија во 1998 година, добија концесија за седумгодишно емитување на програма на подрачјето на град Скопје.

ТЕРА ТВ online televisionТЕРА ТВ

Makedonia / Paikallinen

789 Views

ТЕРА телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 7 април 1993 година. Првите неколку години како локална ТВ станица која го покриваше со својот сигнал градот Битола, а од 1996 година, со пoставување на дополнителна предавателна мрежа, ја прошири својата видливост покривајќи го Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар со околините).